Актуелниот претседател на САД Барак Обама, чија функција истекува на 20 јануари, ги продолжи за една година санкциите воведени против Русија во март 2014 година поради настаните во Украина и на Крим, пренесуваат руските медиуми.
Активностите и политиката на кои овој указ одговара продолжуваат да претставуваат вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, се вели во указот на американскиот претседател во заминување.
Указот на претседателот на САД под број 13660, усвоена на 6 март 2014 година, е дополнуван со нови укази со што се прошируваа санкциите против руски приватни и физички лица, пишува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.