Медиум: Русија ја покани администрацијата на Трамп на преговорите во Астана

Администрацијата на Трамп доби покана од Москва да учествува на преговорите за Сирија што треба да се одржат во казахстанскиот главен град Астана, пишува „Вашингтон Пост“.

Москва ја покани администрацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на преговорите за Сирија кои ќе се одржат во Астана, соопштува весникот „Вашингтон Пост“ повикувајќи се на извор.

Весникот пишува дека поканата ја соопштил рускиот амбасадор во САД Сергеј Кисљак во телефонскиoт разговор на 28 декември со советникот на Трамп за национална безбедност Мајкл Флин.

Во исто време изворот на изданието истакнува дека во текот на разговорот не била донесена конечна одлука.

Претходно Стејт департментот соопшти дека Вашингтон сѐ уште нема добиено официјална покана за состанокот за Сирија во Астана, но е во постојан контакт за оваа иницијатива и со Турција, и со Русија, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.