Тимот на Трамп подготвува телефонски разговор со Путин

Телефонскиот разговор треба да се одржи по инаугурацијата на Трамп на 20 јануари.

Мајкл Флин, советникот за национална безбедност на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, во телефонски разговор со амбасадорот на Русија во САД дискутирале за претстојниот разговор на американскиот лидер со рускиот претседател Владимир Путин, соопштува „Ројтерс“ повикувајќи се на портпаролот на Трамп Шон Спајсер.

Според него, тој разговор се одржал уште на 28 декември. Разговорот меѓу двајцата лидери се планира да се одржи по инаугурацијата на Трамп на 20 јануари.

Рускиот амбасадор и советникот на Трамп си го честитале Божик и изразиле надеж за идна плодотворна билатерална соработка.

Претходно портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Москва се надева на дијалог со Доналд Трамп, пишува „Газета.ру“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.