Симоњан: Сфаќате ли колку ни е долга раката?

Главниот и одговорен уредник на РТ Маргарита Симоњан ја коментираше веста за прекинот на преносот од седницата на комитетот на американскиот Сенат на каналот на државната телевизија Си-СПАН со пренос на програмата на РТ.

„Почнувам да верувам дека руските хакери ги хакирале главите на целиот американски мејнстрим. Веќе и Си-СПАН изјави дека прекинот на преносот е нивна внатрешна грешка, а мејнстримот продолжува со хистеријата дека ние сме ги хакирале. Во нашата редакција снемавме пуканки за да го гледаме тоа“, изјави Симоњан, пренесува РТ на руски.

Претходно Симоњан на „Твитер“ ја коментираше веста за прекинот на преносот од седницата на комитетот на американскиот Сенат на каналот на државната телевизија Си-СПАН со пренос на програмата на РТ. 

„Сфативте, нели, колку ни е долга раката?“, напиша Симоњан.

Преносот од седницата на Комитетот на американскиот Сенат кој одеше преку владиниот канал Си-СПАН во текот на говорот на конгресменот Максин Волтерс, беше неочекувано прекинат. Наместо директен пренос од Конгресот, гледачите ја гледаа програмата на РТ цели десет минути.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.