Германија го кани рускиот министер за земјоделство и покрај санкциите

Министерот за земјоделство на Русија се наоѓа на списокот со лица против кои ЕУ воведе санкции по присоединувањето на Крим со Русија.

Министерството за надворешни работи на Германија примени дипломатско лукавство и го зголеми официјалното ниво на планираниот состанок на министрите за земјоделство на земјите од Г-20, со цел да добие дозвола за влез на рускиот министер за земјоделство Александар Ткачов во Европската унија.

Министерот за земјоделство на Русија е на листата на лица против кои Европската Унија воведе санкции по присоединувањето на Крим кон Русија. Сепак, и покрај тоа, Министерството за надворешни работи на Германија планира да биде домаќин на Ткачев на 22 јануари, пишува „Взгљад”.

Со таа цел, германската влада го зголеми нивото на планираниот состанок на министрите за земјоделство на земјите од Г-20 и му додели статус на заседание на земјите-членки на ОБСЕ. На овој начин, на состанокот ќе можат да учествуваат и лица под санкции.

Министерството за земјоделство на Германија ја потврди подготвеноста да го плати дводневниот престој во хотел на рускиот министер и неговиот придружник. Министерството за надворешни работи на Германија притоа изрази желба да организира средба на Ткачов со германскиот министер за земјоделство Кристијан Шмит.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.