„Секоја земја на зголемувањето на странското воено присуство на своите граници може да гледа и ќе го гледа како негативно. Токму на тој начин ние го гледаме тоа“, изјави Песков, пренесува РТ на руски.
Ова беше коментарот на Песков на информациите дека американски војници пристигнуваат во Полска како дел од операцијата „Атлантска решителност“.
„Ние гледаме на тоа како на закана за нас“ - изјави портпаролот.
Според него, овие дејствија се закана за интересите и безбедноста на Русија.
„Дотолку повеќе што се работи за тоа дека трета земја го засилува своето воено присуство во близина на нашите граници во Европа. Тоа дури не е ни европска држава“, рече Песков.
Претходно заменик-министерот за надворешни работи на Русија Алексеј Мешков го нарече зголемувањето на военото присуство на САД во Европа дестабилизирачки фактор за европската безбедност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче