Корбин: НАТО ја зголемува напрегнатоста во односите со Русија

Лидерот на британската Лабуристичка партија Џереми Корбин го обвинува НАТО за зголемување на тензиите во Источна Европа.

Лидерот на британската опозиција Џереми Корбин смета дека распоредувањето на британски сили во Источна Европа ја зголемува напрегнатоста во односите со Русија, соопштува „Сан“ повикувајќи се на портпаролот на политичарот.

Според портпаролот на Корбин, шефот на Лабуристичката партија е „загрижен" поради фактот што, со распоредувањето на војници во земјите од Источна Европа, НАТО ја засилува конфронтацијата со Москва. Покрај тоа, портпаролот смета дека Корбин нема да поддржи воена реакција во случај на инвазија на руски сили во Естонија, каде сега се сместени британските трупи.

Во исто време, претставникот на политичарот истакнува дека Џереми Корбин во неколку наврати изјави дека не ја поддржува политиката на руската влада за многу прашања, вклучувајќи ги и нејзините активности на Блискиот Исток и во земјата.

Сепак, шефот на Лабуристичката партија не сака ескалација на тензиите во односите со Русија, што се случува токму сега. На прашањето дали Корбин го поддржува распоредувањето на 800 британски војници во Естонија, неговиот портпарол одговори: „Џереми изрази стравување дека тоа е една од манифестациите на подигање на тензиите, која се случува сега“, пренесува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња