Фараж: Престанете да ја гибате руската мечка

Поранешниот лидер на Партијата на независноста на Велика Британија Најџел Фараж ја поддржа иницијативата на Доналд Трамп за изградба на односите со Москва и изјави дека новоизбраниот претседател на САД е најдобриот човек за таа работа.

Поранешниот лидер на Партијата на независноста на Велика Британија Најџел Фараж ја критикува Европската унија за немањето идеја како да ги поправи односите со Русија, пишува „Дејли Експрес“.  Тој исто така ја повика ЕУ да не ја провоцира руската мечка.

„Повторно сме во состојба на студена војна. Не е важно дали Путин е закана или не, ајде да престанеме да ја гибаме руската мечка. Тоа е едноставно неразумно“, изјави Фараж.

Покрај тоа, Фараж ја поддржа иницијативата на Доналд Трамп за изградба на односите со Москва и изјави дека новоизбраниот претседател на САД е најдобриот човек за таа работа.

„Постои еден човек кој планира да излезе од овој ќорсокак, а тоа е Доналд Трамп“, истакна поранешниот лидер на УКИП. „Можете да го сакате или мразите, но едно е сигурно: тој ќе води поинаква политика. Тој ќе се обиде да смени нешто. Ќе се одржи состанок“.

Фараж ја критикуваше и Европската унија за немањето идеја како да ги поправи односите со Москва.

„Мислам дека треба да го преиспитаме нашето однесување. Според мене, предизвикува загриженост ова постојано проширување на Европската унија на исток заедно со фактот дека тие сега формираат војска на Европската унија“, истакна Фараж.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња