Експерти: Ту-154 не е соборен од ракета ниту е разнесен од бомба

Се исклучува верзијата за терористички напад како причина за несреќата.

Завршени се експертските вештачења на остатоците од рускиот авион Ту-154Б-2 кој се урна на 25 декември 2016 година по полетувањето од аеродромот Адлер кај Сочи.

На авионот не се откриени траги од експлозија на бомба ниту од ракета во падот на авионот, соопштија стручњаците кои со тоа ја отфрлаат верзијата за терористички напад како причина за несреќата, пишува „Комерсант“.

Ту-154 леташе кон руската воена база „Хмејмим“ во Сирија. Во авионот беа членовите на ансамблот „Александров” кој требаше да одржи новогодишен концерт за руските војници. Во несреќата загинаа 92 лица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња