Захарова објави фотографија од руски хакер во САД

Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова објави на социјалните мрежи „фотографија од руски хакер“ – кадар од познатиот руски филм „Брат 2“.

Захарова  на својата страница на „Фејсбук“ објави пост на Максим Логинов со кадар од филмот „Брат 2“, на кој е прикажан актерот Виктор Сухоруков во улогата на Виктор Багров со натпис: „ЦИА објави фотографија на руски хакер кој пристигна во САД на конференција за нови компјутерски технологии и заштита на компјутерски програми“.

 

Вториот дел од натписот е директен цитат од филмот.

Захарова својот пост го проследи со ироничниот коментар: „Сензација!”

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.