Трамп: Русија ќе има поголема почит спрема САД

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека во текот на неговото претседателствување Русија ќе има поголема почит спрема САД и ќе престане со хакирање.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не се согласува со фактот дека сегашниот претседател Барак Обама претерал со воведувањето на санкциите против Русија поради хакерските напади.

„Не, јас не мислам дека отиде предалеку“, изјави Трамп, одговарајќи на соодветното новинарско прашање на прес-конференцијата достапна на „Јутјуб“.

Притоа Трамп ги увери новинарите дека откако тој ќе дојде на власт, Русија ќе има поголема почит спрема Вашингтон и повеќе нема да врши хакерски напади. „Тие не требаше да го прават тоа (да користат хакери против САД). И повеќе нема да го прават тоа“, изјави тој, пренесува „Интерфакс“.  

Претходно новоизбраниот претседател се согласи дека Русија била вклучена во хакерските напади во САД, но увери дека со исти такви напади се занимаваат многу земји, особено Кина. Тој вети дека во иднина ќе ја заштити својата земја од такви напади.

Исто така, Трамп соопшти дека се откажува од идејата за ресетирање на односите со Москва.

„За Русија нема да има копче за ресетирање, или ќе дојдеме до меѓусебно разбирање, или не“, изјави тој.  

Покрај тоа, тој изјави дека добрите односи со рускиот лидер Владимир Путин можат да бидат од полза за двете земји. „Ако Путин го сака Доналд Трамп, го сметам тоа за плус, а не за негативен фактор“, рече Трамп и прецизираше дека двете земји, на пример, можат заедно да се борат против терористите на „Исламската држава“.

Трамп додаде дека, доколку односите меѓу двајцата лидери се влошат, тој ќе се однесува спрема Путин многу пожестоко од Хилари Клинтон, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња