Портпаролот на Медведев: Меккејн е „кутар политички старец“

Портпаролот на рускиот премиер Наталија Тимакова го коментираше предлог-законот за проширување на санкциите против Русија кој американски сенатори го поднесоа во Конгресот.

„Тешко е да се коментираат предлог-закони во други земји“, изјави Тимакова. „Но, жално е што ваквите одлуки во Америка ги иницираат луѓе како што е Меккејн“.

Според неа, руската влада смета дека двете земји треба да ги обноват економските односи кои во моментов се „сериозно деградирани”. Меѓутоа, како што истакнува Тимакова, тие „ни претходно не беа на високо ниво“, пренесува „Взгљад”.

Тимакова потсети на посетата на Медведев на Америка во 2010 година. На состанокот на Медведев со американските сенатори беше присутен и Џон Меккејн. Според зборовите на Тимакова, уште тогаш беше очигледно дека Меккејн е „потполно уништен од својата лична трагедија поврзана со Виетнам“.

Таа истакна дека Меккејн не е човекот кој треба да го одредува правецот на односите меѓу Москва и Вашингтон.

Тимакова изразува жалење што „токму таквите кутри политички старци се обидуваат да му ја наметнат својата позиција на американскиот народ“.

„Понекогаш треба да се биде мудар и да се повлечеш на време“, изјави таа.

Претходно американски сенатор предложи проширување на санкциите против Русија. Меѓу нив се Џон Меккејн, Линдзи Греем, Роберт Портман, Бен Карди и Боб Менендес.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња