Сенатори на САД ѝ се закануваат на Русија со нови санкции

Сенатори на САД планираат во вторник да соопштат за воведувањето на нови „сеопфатни“ санкции против Русија во врска со сајбер-нападите кои ѝ се припишуваат на Русија, соопштува агенцијата „Ројтерс“.

Во Конгресот на САД ќе биде доставен предлог-закон со кој се предвидува воведување „сеопфатни“ санкции против Русија поради нејзините „обиди да влијае на изборите во 2016 година“, пренесува „Взгљад“.

Со таква иницијатива истапија сенаторот-републиканец Џон Меккејн и сенаторите-демократи Бен Кардин и Роберт Менендес.

Содржината на мерките не се наведува.

На 29 декември 2016 година САД воведоа нови санкции против државјани и организации на Русија, вклучувајќи ги и ФСБ, и протераа 35 руски дипломати и членови на нивните семејства.

Истиот дена НСА и ФБИ објавија заеднички документ во кој се обвинуваат руските власти за вмешаност во сајбер-нападите со цел да се помогне за победата на кандидатот од редовите на Републиканската партија Доналд Трамп.

Москва ги отфрла сите обвинувања. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.