Кирби: Неодговорно е да се покажат доказите за вмешаноста на руските хакери

Би било неодговорно да се презентираат докази врз кои Вашингтон изведе заклучок за вмешаноста на Москва во хакерските напади за време на претседателските избори во САД, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби. Новинарите го споредија неаргументираниот извештај на ЦИА со познатиот говор на поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел во ООН, каде што тој покажа епрувета која, наводно, содржеше биолошко оружје, како поддршка на неговите зборови во врска со оружјето за масовно уништување во Ирак. Како што се испостави подоцна, Садам Хусеин не поседуваше такво оружје.

На редовниот брифинг на Стејт департметнот, дописничката на РТ Гајане Чичакјан го праша портпаролот Џон Кирби дали јавноста треба да ја споделува увереноста во точноста на заклучоците во извештајот, со оглед на тоа што беше презентиран без никакви докази.

„Мислам дека не постои ништо чудно во тоа што во декласифицираната верзија на извештајот означен како врвна тајна поради безбедносни причини се скриени изворите на податоците и методите на работа. Мислам дека повеќето Американци разбираат дека разузнавачката заедница нема право да ги открие информациите од таков вид“, одговори Кирби.

Новинарката потенцираше дека во минатото разузнавачката заедница на САД, исто така, изрази „висок степен на сигурност“ дека Ирак поседува оружје за масовно уништување, но резултатот од оваа лажна проценка беше војна која заврши со катастрофа.

„Според вас, во случајот со Русија јавноста не заслужува да ѝ бидат презентирани докази?“, продолжи Чичакјан.

Сепак, според Кирби, споредбата на настаните од 2001 година и извештајот за „руските хакери“ е несоодветна. „Никој не вели дека во 2000 и 2001 година немаше грешки. Но, тоа беше пред 15 години, и оттогаш многу работи се променија во разузнавачката заедница“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Во 2001 година државниот секретар на САД Колин Пауел изјави дека санкциите против Ирак би го спречиле создавањето на оружје за масовно уништување од страна на Садам Хусеин. Подоцна Пауел во Генералното собрание на ООН покажа епрувета со биолошко оружје наводно доставена од американските разузнавачи во Ирак, што подоцна беше демантирано.

Подоцна претседателот на Ирак Садам Хусеин изјави дека никогаш не размислувал за употреба на хемиско оружје, пишува РТ на руски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња