„Ние, како и претходно, секаква вмешаност на Москва и обвинувањата за тоа дека во какви било хакерски напади можат да бидат вмешани официјални лица или официјални институции на Руската Федерација, категорично ги отфрламе“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.
Притоа тој истакна дека Москва веќе „сериозно се умори“ од тие обвинувања.
„Ние разбираме дека нашите американски колеги во разни етапи од својата историја вршеле такви етапи со „лов на вештерки“. Ние се сеќаваме на тие периоди од историјата. Знаеме дека потоа нив ги заменуваат потрезвени стручњаци, потрезвени пристапи кои сепак се ориентирани на дијалог, а не на такви емоционални испади“, додаде Песков.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче