„И покрај „портокаловата“ тревога во Москва поради силните мразеви, организаторите одлучија да не го откажат настанот во кој учествуваа повеќе од 500 учесници“, изјавија официјалните лица.
На сите велосипедисти им беше препорачано да бидат внимателни и да ги почитуваат правилата за безбедност на екстремно ниските температури кои ја зафатија Москва од православниот Божиќ (7 јануари).
„Службите за помош беа присутни на почетокот и на крајот на рутата“, изјавија официјалните лица. „Сите луѓе беа одбрале соодветна облека и никој не побара медицинска помош“.
Настанот не е спортска трка: жителите и посетителите од сите возрасти и со секаква физичка подготовка беа поканети да земат учество во неа. Просечната брзина на велосипедистите за време на парадата не надминуваше 14-15 км/час.
Во 2016 година во главниот град на Русија се одржаа четири велосипеди паради. Во јануари 2016 година, на првата зимска велосипедска парада се собраа повеќе од 3000 луѓе и покрај студеното време, соопштува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче