„Потполно веројатна е ситуацијата кога на „Гаспром“ му недостигаат ресурси и за греење дома, и за извоз во ЕУ. Тогаш ќе се обидат да нѐ обвинат нас“, се вели во соопштението на украинската компанија на „Фејсбук“.
Компанијата истакнува дека очекува Русија да не ја плаши ЕУ дека Украина го презема гасот од своите резервоари.
„Тоа е наш гас, ние го складиравме во резервоарите токму за да можеме да го црпиме зиме“, се вели во соопштението што го пренесува „Взгљад“.
„Нафтогас“ потенцира дека Украина не е обврзана да му помага на „Гаспром“ со свои резерви во случај руската компанија да има недостиг на резерви.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче