Медиум: 900 вагони со воена техника одат од Германија „за војна со Русија“

Во Бремерхафен, Германија, во полн замав е подготовката за префрлање на 3-та бригада на 4-та пешадиска армија на армијата на САД до границите на Русија, пренесува „Бундесдојче Цајтунг“. Следната недела на исток секојдневно ќе тргнуваат по три композиции со воена техника, изјави претставник на командата на Бундесверот во сојузната покраина Бранденбург. Според него, за транспортот ќе бидат потребни 900 вагони, а вкупната должина на композициите ќе достигне 14 км.

Во моментов во пристаништето Бремерхафен пристигнуваат бродови со воена техника на армијата на САД, пишува „Бундесдојче Цајтунг“. „САД истовараат во Германија тенкови за војна со Русија“, алармира германското издание.

Станува збор за префрлање на 3-та бригада на 4-та пешадиска армија на армијата на САД до границите на Русија, појаснува изданието.

„Од 7 до 16 јануари секојдневно ќе се испраќаат три композиции со воена техника“, изјави претставник на командата на Бундесверот во сојузната покраина Бранденбург. Според него, за транспорт ќе бидат потребни 900 вагони, а вкупната должина на композициите ќе достигне 14 км, истакнува изданието.

„Префрлањето на силите што се прави во моментов без потреба ја турка Европа во нов пораст на тензиите со Русија“, изјави пратеникот во германскиот Бундестаг и член на собраниската Комисија за одбрана на Германија Александар Ној. Покрај тоа, политичарот е убеден дека САД и Северноатлантската алијанса „продолжуваат да ѕвечкаат со оружјето и сѐ повеќе и повеќе преминуваат од зборови на дела“.

Ној го смета за „скандал“ тоа што германската влада се обидува да ја претвори Германија во „платформа за распоредување на силите на САД и НАТО против Русија“. Според него, Берлин „треба да го одбие“ Вашингтон за да не ја користи германската територија за транспорт на сили и „да застане на чело на веќе долго време потребната политика на олабавување на односите со Москва“, пренесува ИноТВ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.