Трамп ги смета за позитивно нешто добрите односи со Русија

Новоизбраниот претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека по преземањето на функцијата, Русија ќе има повеќе почит за Америка отколку што има сега.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја објави својата намера заеднички да ги решава со Русија светските проблеми. Соодветното соопштение Трамп го објави во петокот на неговата страница на „Твитер“, пренесува ТАСС.

„Добрите односи со Русија – се позитивно нешто. Само глупави луѓе можат да веруваат дека тоа е лошо! А ние и така имаме доволно проблеми во целиот свет“, напиша политичарот. Тој истакна дека по преземањето на функцијата, Русија ќе има повеќе почит за Америка отколку сега.

„Можеби во иднина нашите земји заедно ќе работа на решавање на сериозните и неодложни проблеми и прашања од глобално значење“, потенцира Трамп.

Претходно американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе успее да најде можности за ефикасна соработка со Русија и надминување на постоечките противречности. Кери истакна дека последниве години заедничката работа на САД и Русија во голем број области била успешна.

Конгресот на САД на 6 јануари, на заедничка седница на двата дома ги сумираше минатите претседателски избори од 8 ноември 2016 година и официјално го прогласи за победник републиканецот Доналд Трамп.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња