Путин им го честиташе Божик на Русите

Претседателот на Русија го истакна придонесот на Руската Православна Црква во образованието и хуманитарната работа, како и во зачувувањето на граѓанскиот мир и меѓусебната хармонија.

Претседателот на Русија Владимир Путин им го честиташе Божик на православните христијани и на сите руски граѓани кои го слават овој празник, истакнува прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.

„Божик ги осветлува нашите животи со особена радост, ги буди најдобрите чувства, нѐ навраќа кон духовните корени и традициите. Тоа е време на добри мисли и дела, искрена грижа за блиските, како и за оние на кои им треба помош и поддршка“, се вели во честитката на рускиот претседател.

„Огромна, навистина уникатна улога во заживувањето на високите етички и морални вредности, зачувувањето на нашето богато историско и културно наследство игра Руската православна црква и другите христијански деноминации“, додава шефот на руската држава.

Путин истакна придонесот на Руската Православна Црква во образованието и хуманитарната работа, како и во зачувувањето на граѓанскиот мир и меѓусебната хармонија. „Тие прават многу за хармонизацијата на меѓуетничкиот и меѓурелигиски дијалог, за зачувувањето на граѓанскиот мир и хармонијата во нашата земја. Толку голема, конструктивна работа заслужува длабока благодарност и почит“, истакна тој.

Претседателот на Русија им посака на православните христијани и на сите граѓани на Русија кои го слават Божик здравје, успех и просперитет.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња