Советничката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп Келиен Конвеј изјави дека Русија не посакувала победа на републиканецот на претседателските избори, затоа што неговата политика е во спротивност со интересите на Москва, пренесува телевизијата Си-Ен-Ен.
Според Конвеј, тимот на поранешниот државен секретар на САД Хилари Клинтон, кој ги изгуби изборите, продолжува да изјавува дека Русија сакала Трамп да победи на изборите.
„Русите не сакаа тој да биде избран, затоа што тој многу јасно за време на изборната кампања и сега како новоизбран претседател зборуваше дека има намера да го модернизира нуклеарен арсенал, има намера да го прошири одбранбениот буџет, има намера да ја развива нафтената и гасната индустрија - сето тоа е против руската економија и воените интереси“, изјави Конвеј, пренесува РИА „Новости“.
Таа истакна дека Трамп беше избран за претседател, бидејќи Американците посакаа поцврст лидер во Белата куќа и поцврст врховен командант.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче