Во телефонскиот разговор меѓу шефовите на дипломатиите на Русија и Франција, Сергеј Лавров и Жан-Марк Еро, беше дискутирано за проблемот со хемиското оружје во сирискиот конфликт, и во врска со тоа министрите ги разгледаа можните дејствија на Советот за безбедност на ООН, се вели на сајтот на МНР Русија.
„С. Лавров ја потенцираше потребата од каква било реакција на Советот за Безбедност која ќе се потпира врз утврдените факти и ќе избегнува политизација на „хемиското досие“ не само во Сирија, туку и во Ирак, Либија и другите земји од регионот“, истакнува МНР РФ.
Министерството потенцира дека руската страна му дава големо значење на состанокот на претставниците на сириската влада и вооружената опозиција кој треба да се одржи во Астана.
„Без да биде замена за меѓусирискиот дијалог под закрила на ООН во Женева, претстојната средба во главниот град на Казахстан треба да послужи како негово надополнување, обединувајќи ги на преговарачката маса оние кои реално ја контролираат ситуацијата „на теренот“ и кои се способни да ги исполнат преземените обврски“, истакнува МНР РФ.
Претходно медиумите соопштија дека во Сирија, во долината Вади Барад кај Дамаск силите на Асад примениле хемиско оружје, пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче