МО РФ почна со намалување на бројот на руски војници во Сирија

Први ќе ја напуштат Сирија носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, крстосувачот „Петар Велики“ и бродовите што се во нивна придружба, изјави началникот на Генералштабот на ВС РФ генерал на арија Валериј Герасимов.

Групата на Вооружените сили на Русија во Сирија почна да го намалува бројот на војници. Први ќе ја напуштат носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, крстосувачот „Петар Велики“ и бродовите што се во нивна придружба, изјави началникот на Генералштабот на ВС РФ генерал на арија Валериј Герасимов.

„Согласно одлуката на врховниот командант на ВС РФ Владимир Путин, Министерството за одбрана на почнува со намалување на групата на Вооружените сили во Русија“, изјави Герасимов, пренесува РИА „Новости“.

Тој истакна дека бродската група предводена од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“ ги исполнила своите задачи, на пример, заедно со силите за противвоздушна одбрана во Сирија беше формиран здружен систем за ПВО.

Герасимов потсети дека од 30 декември 2016 година на целата територија на Сирија дејствува режимот на прекин на борбените дејствија кој не се однесува на меѓународните терористички групи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.