Разузнавање на САД: „Офанзивната сајбер-програма“ на Русија е голема закана

Офанзивната сајбер-програма ја прави Русија голема закана за американската влада, изјавија американската НСА, Сајбер-командата и Пентагон.

Трите агенции подготвија изјава за сослушување во Конгресот на САД во четвртокот, пренесува „Взгљад“.

Во неа се вели дека високоразвиената „офанзивна сајбер-програма на Русија“, како и „софистицираната тактика, техника и процедури“ ја прават Москва закана за „воената, дипломатската, комерцијалната и критичната инфраструктура“ на САД.

Покрај тоа, според мислењето на САД, Русија наводно се обидува преку интернетот да манипулира со јавното мислење во Европа и Евроазија.

Како што смета американското разузнавање, Москва има намера да користи сајбер-методи против САД не само за прибирање на информации, туку и за поддршка на „процесот на донесување одлуки во Русија“, како и за да се подготви за „вонредни ситуации“.

Во соопштението уште еднаш повторуваат шпекулациите за наводните обиди на Русија да влијае врз изборите во САД.

Шефот на националното разузнавање на САД Џејмс Клапер, заменик-шефот на Пентагон за разузнавање Марсел Летре и шефот на НСА и сајбер-командата на Вооружените сили на САД адмирал Мајкл Роџерс тврдат дека кражбата на податоците поврзани со изборите во САД можела да биде одобрена „само од највисоките функционери во Русија“, судејќи според „обемот и значењето на нападнатите објекти“.   

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.