Вандалски чин е извршен од страна на непознати лица врз споменикот на првиот космонаут на планетата Јуриј Гагарин во хрватскиот главен град Загреб, изјави за ТАСС шефот на конзуларниот оддел на Руската амбасада во Хрватска Владимир Полјанин.
„Врз споменикот на Гагарин непознати лица извршија чин на вандализам, изгорен е мермерот на постаментот и оштетен е натписот“, изјави Полјанин.
Тој додаде дека, судејќи според сѐ, се работи за хулигански испад кој се случил во првите денови од новата година.
Споменикот на Јуриј Гагарин беше подигнат во центарот на Загреб во октомври 2016 година. Неговото подигање беше по повод 55-годишнината од првиот лет во вселената кој советскиот космонаут го изведе на 12 април 1961 година. Претходно во 2016 година во Загреб беше откриена биста на рускиот поет Александар Пушкин, а во иднина се планира да се подигне споменик и на рускиот поет Сергеј Есенин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче