МО РФ ѝ одговори на ЦИА за активностите на Русија во Сирија

Објектите за производството на нафта, заземени од „Исламската држава“ во Сирија, што ѝ овозможи да заработува десетици милиони долари, не беа цел на воздушните напади на коалицијата предводена од САД, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија Игор Конашенков, одговарајќи на обвинувањата на ЦИА за дејствијата на Русија во Сирија.

Според Конашенков, поради тоа терористите имаа можност да врбуваат во своите редови платеници од целиот свет. Притоа, изјави портпаролот на МО РФ, меѓународната коалиција предводена од САД уште од 2012 година „методично ја уништуваше инфраструктурата на Сирија заради максимално ослабување на нејзината легитимна влада, и покрај заканата за цивилното население“.

„Порано или подоцна ќе мора да се одговара за сето тоа“, изјави Конашенков, пренесува „Взгљад“.

На тој начин Конашенков одговори на изјавите на директорот на ЦИА Џон Бренан, кој претходно изјави дека Русија во Сирија користи тактика на „спржена земја“.

„Обидот на г-дин Бренан да си постави „сламки за во иднина“ тешко дека ќе го спаси. Реалните резултати на активностите на Русија во Сирија му се добро познати на Џон Бренан“, додаде Конашенков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња