МНР Русија се залага за нормални односи со НАТО

Москва не го смета НАТО за анахронизам и изјави за потребата да се воспостават старите односи со Алијансата.

„Каков анахронизам? На многу земји кои се членки на НАТО едноставно им е полезно, полезно економски, политички, затоа што тие не треба да градат независна надворешна политика, доволно е да ѝ се приклучат на заедничката“, изјави во интервју за „Интерфакс“" директорот на Одделот за европска соработка при МНР РФ Андреј Келин, одговарајќи на прашањето дали сѐ уште Москва смета дека НАТО е реликт и анахронизам од „студената“ војна.

Притоа тој истакна дека НАТО - „тоа е реалност, тоа е воен фактор и затоа само магија нема да биде доволни“.

„Со НАТО треба да се градат нормални односи и да се обнови она што беше“, изјави дипломатот, пренесува „Интерфакс“.

Келин објасни дека „постои маса причини зошто државите, особено малите, претпочитаат да бидат во таква организација“. „Нема потреба да се создава одбрана за целиот периметар на земјата. Да речеме, на истата Белгија не ѝ треба да има посебно морнарицата, воено воздухопловство, ПВО. Станува збор за поделба на трудот, што е многу поевтино. Една земја има, на пример, две фрегати и четири ловци. А соседната ги исполнува другите борбени задачи“, истакна тој.

„Токму таа поделба на трудот во голема мера ги олеснува буџетските трошоци за одбрана. Како резултат на тоа, денес само четири земји го исполнуваат нормативот на НАТО за воени трошоци - 2% од БДП, а трошоците за одбрана на сите други земји од Алијансата се значително помали. На пример, во Германија тоа е 1,2% од БДП“.

Според Келин, „се разбира, поевтино е да се членува во таков воен сојуз отколку да се гради своја одбрана во сите насоки“.

„И, навистина, невозможно е да ги убедите земјите-членки во тоа дека треба да излезат од НАТО, дека тоа е анахронизам,  затоа што преовладува чисто рационалниот резон“, потенцира Келин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња