Новите американски санкции против Москва се „новогодишен подарок“ на претседателот Барак Обама за неговиот наследник Доналд Трамп, изјави за РИА „Новости“ во вторникот првиот човек на „Руско-американското тихокеанско партнерство (РАТОП) Дерек Норберг.
„Според мене, Обама ја искористи последната шанса да изврши притисок врз претседателот на Русија Владимир Путин и врз Русија. Што се однесува до Трамп, можно е воведувањето на новите санкции да претставува за него новогодишен подарок за него од Обама“, изјави Норберг.
Тој потсетува дека Трамп секогаш зборувал за желбата да ги нормализира односите или едноставно да има попријателски односи со Кремљ. Сепак, според него, „без новите дополнителни санкции новоизбраниот претседател немаше да има конкретни санкциски мерки кои тој би можел да ги укине без жестока реакција од страна на Сенатот и Конгресот“. Сега идниот американски лидер доби таква можност, смета првиот човек на РАТОП. Притоа тој изразува уверување дека ќе биде поедноставно да се укинат новите санкции отколку оние кои беа воведени во врска со ситуацијата во Украина. „По инаугурацијата Трамп би можел да го употреби нивното укинување како прв чекор за помирување со Русија“, смета експертот.
Норберг истакнува дека во оваа смисла многу нешта зависат од доказите кои американските разузнавачки служби ќе ги презентираат во врска со „руското хакирање“. Тој допушта дека Москва можела да преземе акција против САД во сајбер-просторот, но убеден е дека тие немале влијание на текот на претседателските избори. „Сите земји кои можат да прибираат разузнавачки информации во сајбер-просторот, го прават тоа, и тоа не треба да изненадува никого. И јас би бил изненаден ако Русија, која има сериозни компјутерски капацитети, не собира информации во однос на САД“, додава експертот. Во исто време, според Норберг, потенцијалниот притисок од Москва, ако воопшто го имало, не бил меѓу одлучувачките фактори во победата на Трамп на изборите. Според него, „имаше други многу позначајни моменти, вклучувајќи ја и високата непопуларност на кандидатот за претседател од Демократската партија Хилари Клинтон меѓу гласачите“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче