„Банкар“ ја прогласи Набиулина за најдобар шеф на Централна банка во Европа

Британскиот специјализиран магазин „Банкар“ (The Banker) ја прогласи Елвира Набиулина, првиот човек на Банката на Русија, за најдобар претседател на Централна банка во Европа во 2016 година.

Списанието „Банкар“ ги истакнува нејзините напори за заздравување на банкарскиот сектор и резултатот на инфлацијата во 2016 година (5,4% - рекорден показател во историјата на Русија). Според публикацијата, 2016 година „стана точка на пресврт во расположението на населението и на учесниците во пазарот во делот на инфлациските очекувања“, пренесува „Взгљад“.

Минатата година за најдобар прв човек на Централна банка во Европа беше прогласен претседателот на Банката на Англија Марк Карни.

Во септември Набиулина исто така се најде меѓу првите осум раководители на централни банки во светот според „Глобални финансии“ (Global Finance). Притоа таа се најде пред нејзината американска колешка – првиот човек на Федералните резерви на САД Џенет Јелен.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња