Во терористичкиот напад во Истанбул загина државјанка на Русија

Турската полиција го објави ова откако ја заврши постапката за идентификација на загинатите. Терористичкиот напад однесе 39 животи.

„Информацијата за загинување на руска државјанка се потврдува. Станува збор за девојка која првично се сметаше за државјанка на Азербејџан. Утврден е нејзиниот идентитет, документите го потврдуваат руското државјанство“, изјави службеник на рускиот генерален конзулат во Истанбул, пренесува „Взгљад“.

Тој исто така вети дека дипломатите ќе им ја пружат максималната можна поддршка на роднините на загинатата.

Претходно руската дипломатска мисија соопшти дека нема Руси меѓу загинатите и повредените во нападот.

Потрагата по извршителите на терористичкиот напад во новогодишната ноќ во клубот „Реина“ во Истанбул продолжува.

Полицијата се сомнева во државјанин на Узбекистан или Киргистан, поврзан со терористичката група „Исламска држава“, соопштува телевизијата CNN Turk повикувајќи се на полициски извори.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња