Столтенберг: Заплашувањето и одбраната не пречат на дијалогот на НАТО со РФ

Русија не претставува „директна закана“ за НАТО, затоа Западот треба да се стреми кон преговори и решавање на конфликтите со Москва, изјави во интервју за „Билт“ генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Истовремено Алијансата не треба да се откажува и од „заплашувањето и одбраната“ кои „не му противречат“ на дијалогот со Кремљ, додаде политичарот.

„Употребата на воена сила е многу силен инструмент, меѓутоа тоа не секогаш ги решава проблемите. Понекогаш воената сила може само да ја влоши ситуацијата“ изјави во интервју за „Билт“ генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Според него, за разлика од ситуацијата со Босна и Херцеговина и Либија, ООН не можеше да постигне солидарност во однос на Сирија и употребата на воена сила без соодветен мандат би го влошила и проширила постојниот конфликт.

Според Столтенберг, во текот на телефонскиот разговор со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп бил уверен дека Трамп „се чувствува поврзан со НАТО“. Затоа има надеж дека Америка ќе ги задржи своите обврски спрема Алијансата.

Покрај тоа, „потребни е да продолжи дијалогот со Русите“, потенцира Столтенберг, додавајќи дека „меѓу заплашувањето, одбраната и дијалогот нема противречности“. Русија не претставува „директна закана“ за земјите на НАТО. Русија е сосед на НАТО, затоа Западот се стреми кон дијалог и решавање на конфликтите со Москва. Истовремено, „Исламската држава“ е „нешто сосема поинакво“. Во 2017 година „заканата од тероризмот“ ќе продолжи и Западот мора да ја уништи ИД, резимира генералниот секретар на НАТО, пренесува ИноТВ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.