Просечното дневно производство на нафта во Русија на рекордно ниво

Производството на нафта и кондензат во Русија достигна рекордно ниво со 11,21 милиони барели дневно, првпат од 1991 година.

Просечното дневно производство на нафта и кондензат на Руската Федерација во декември се зголеми за 3,74% на годишно ниво, на 11,21 милиони барели дневно, соопшти агенцијата „Блумберг“ повикувајќи се на прелиминарните податоци на Централната диспечерска управа на комплексот за гориво и енергија (ЦДУ КГЕ).

Претходно агенцијата истакна дека во септември производството на нафта во Русија првпат во постсоветскиот период од 1991 година ја надмина границата од 11 милиони барели дневно.

Вкупното производство на нафта и кондензат на Руската Федерација во декември изнесувало 47,4 милиони тони. Просечниот дневен извоз на нафта од Русија во декември се зголемил за 3,86% на годишно ниво и изнесувал 5,36 милиони барели.

Просечното дневно производство на природен гас, според ЦДУ КГЕ, во Русија во декември се зголемило на годишно ниво за 4,6% и изнесувало 2,14 милијарди кубни метри гас на ден, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња