Берлин предлага во Астана да се разговара и за иднината на Асад

Прашањето за политичката иднина на сирискиот лидер Башар Асад треба да се дискутира за време на разговорите за Сирија во Астана.

Ова во понеделникот го изјави портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер, пренесува „Лента.ру“.

Покрај тоа, според дипломатот, потребно е да се постави прашањето за улогата на опозициските партии во формирањето на преодните органи на власта.

Според Шефер, важно е намерата на Русија, Турција и Иран да ги соберат на преговарачка маса во следните неколку недели претставниците на власта и опозицијата „да биде реализирана под покровителство и во соработка со ООН“.

Дипломатот додаде дека клучен медијатор во овој процес треба да биде специјалниот претставник на генералниот секретар на ООН за Сирија Стафан де Мистура. Портпаролот на МНР Германија изјави дека Берлин засега не разбира како преговорите во Астана потоа ќе бидат поврзани со меѓусириските консултации кои претходно се одржуваа во Женева.

Шефер, исто така, допушта евентуално учество на Асад во сирискиот преоден процес под услов да бидат ограничени овластувањата на сирискиот лидер, додавајќи дека Германија е против Асад да остане претседател на Сирија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.