„Искрено кажано, постои чувство дека сега екипата на демократите едноставно се обидува да му се одмазди на Трамп за победата, носејќи едноставно апсурдни одлуки еден месец пред неговото стапување на должност“, изјави Захарова, пренесува „Росијскаја газета“.
Тврдењата на Вашингтон дека Москва се надева на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и дека тоа е „нејзин кандидат“, не одговараат на реалноста, истакна таа.
Според неа, откако беа определени двајцата главни кандидати – Доналд Трамп и Хилари Клинтон – „стана очигледно дека едниот од кандидатите во целост ја изгради својата кампања врз антируска реторика“. „Немаше проруски кандидати, имаше еден русофопски кандидат. Ако зборуваме за надворешнополитичкиот кус на демократите и Хилари Клинтон, тогаш сѐ за што зборуваат тие во контекст на меѓународните односи, на еден или друг начин беше поврзано со демонизација на Русија. Затоа да се мисли дека Русија поддржувала, симпатизирала, или згора на тоа, се радувала на победата на својот кандидат – тоа е едноставно или неразбирање или, напротив, многу добро разбирање на суштината на она што се случуваше, обидувајќи се да се прикаже дека црното е бело“, потенцира Захарова.
„Се разбира, би било невозможно да се радувате на победата на човек кој ја прогласи за своја главна цел во меѓународните работи соборувањето на Русија. Но, дури и при такво сценарио, победата на Клинтон ќе се сметаше како избор на американскиот народ“, објасни портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.
Контактите меѓу Русија и администрацијата на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп ќе започнат откако тој ќе ја преземе функцијата, тогаш ќе се дефинира распоредот на состаноци меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и новиот државен секретар на САД, изјави Захарова.
„Ние како Министерство за надворешни работи можеме да работиме со тимот кој ја претставува власта, односно која ќе биде утврден. Затоа чекаме да дојде во Белата куќа новата администрација, по што ќе бидеме подготвени да работиме со неа“, објасни рускиот дипломат.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче