Американци ја пееја руската химна во чест на жртвите на падот на Ту-154

Членови на хорот на „ Шилер Институтот “ ја изведоа националната химна на Русија пред влезот на Генералниот конзулат на Русија во Њујорк во спомен на загинатите во авионската несреќа на Ту-154.

Видеото беше објавено на каналот на „Шилер Институтот“ на „Јутјуб“.

Повеќето учесници во настанот на својата облека носеа георгиевска лента, некои од изведувачите оставија и цвеќе пред конзулатот.

Покрај тоа, од името на раководителот на институтот Хелга Цеп-Ларуш беше прочитан и текст со изјави на сочувство.

„Ансамблот „Александров“ беше израз на највисоките морални вредности на Русија“, истакна Цеп-Ларуш. Таа во своето писмо изрази надеж дека ансамблот ќе биде обновен, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња