Захарова: Не е затворено училиштето за децата на дипломатите од САД

Портпаролот на Министерството за надворешни работи ги коментира соопштенијата на западните медиуми дека во Москва е затворено училиштето за децата на западните дипломати.

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова изјави дека информациите за затворање на училиштето во Москва, во кое учат децата на вработените во дипломатските мисии на САД, Велика Британија и Канада, не се точни. Ова таа го напиша на својот профил на „Фејсбук“.

„Американски официјални лица „анонимно ги брифираа“ своите медиуми дека како одговор Русија го затворила американското училиште во Москва. Тоа е лага. Очигледно, Белата куќа навистина полуде и почна да измислува санкции против своите сопствени деца“, истакна Захарова.

Таа исто така побара од новинарите да не пишуваат: „Москва негира... или Москва нема да...“. „Напишете како што е: „Телевизискиот канал Си-Ен-Ен и другите западни медиуми повторно повикувајќи се на американски официјални извори проширија лажна информација“. Обично од Дедо Мраз бараат нешто да донесе. Оваа година јас ќе замолам некого да однесе“, додава дипломатот, пренесува „Лента.ру“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња