Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков ги нарече обвинувањата од страна на САД без докази. Според него, Москва ќе даде адекватен одговор на воведените ограничувања.
„Таквите дејствија од таков уништувачки, деструктивен карактер за билатералните односи носи администрацијата која си заминува за три недели. Ова изгледа како апсолутно непредвидлива манифестација на агресија“, изјави Песков за новинарите.
Портпаролот на Кремљ истакна дека при изготвувањето на возвратни мерки Москва ќе има предвид дека санкциите биле воведени од претставници на администрацијата на заминување.
„Сега визави претседателот Путин е претседателот Обама, и овие одлуки исто така ги донесе претседателот Обама. Не претседателот, кој е избран претседател, кој ќе биде на чело на државата за три недели. Се разбира, тој фактор, на еден или друг начин, ќе биде земен предвид“, потенцираше Песков.
Премиерот на Русија Дмитриј Медведев ги нарече постапките на администрацијата на Обама како „антируска агонија“.
Портпаролот на МНР Русија Марија Захарова изјави дека Москва ќе преземе мерки како одговор на санкциите на САД.
„Ние зборувавме за ова неколку години по ред: луѓето, кои престојуваа осум години во Белата куќа – тоа не е Администрација, туку група надворешнополитички губитници, огорчени и ограничени. Денеска Обама го призна тоа официјално“, напиша Захарова на својата страница „Фејсбук“.
„Утре (в петок) ќе има официјални изјави, контрамерки и уште многу други нешта“, додаде таа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче