Руската рубља на крајот на годината ги победи другите големи валути и го издржа притисокот од американскиот долар, пишува „Фајненшел Тајмс“.
„Русија ќе ја заврши годината на обновување на својата позиција на меѓународната сцена, гледајќи како нејзината валута се истакнува од другите големи економии и му дава отпор на американскиот долар“, истакнува новинарката Елејн Мур.
Според неа, од септември рубљата порасна во однос на доларот, што не може да се каже за неговите „ривали“ на девизниот пазар.
Мур го поврзува тоа со зголемувањето на цените на нафтата, како и со изгледите за подобрување на односите меѓу Русија и Западот за време на претседателството на Доналд Трамп.
Од гледна точка на економистот Нафез Зук од компанијата „Оксфорд економикс“, ако се земе предвид дека почетната каматна стапка во Русија се одржува на ниво од околу 10% проценти, цените на нафтата се стабилни, а односите помеѓу новоизбраниот претседател на САД и Владимир Путин сѐ уште одат во позитивна насока, постои основа да се мисли дека во 2017 година зајакнувањето на рубљата ќе продолжи.
Притоа аналитичарите потенцираат дека, иако руската валута се зајакна, нејзината „појдовна точка“ беше на ниско ниво поради падот на цените на нафтата и санкциите на Западот. Покрај тоа, од гледна точка на Петар Матис од компанијата на „Рабобанк“, прекумерниот раст на рубљата може да ја поткопа конкурентноста која руските извозници ја „акумулираат“ од 2014 година, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче