Во Дагестан неутрализирана конспиративна ќелија на ИДИЛ

Федералната служба за безбедност на Русија приведе во Дагестан приврзаници на „Исламската држава“ кои планирале терористички напади во Московскиот регион.

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија го објави апсењето на седум члена во Дагестан на конспиративна група приврзаници на терористичката организација „Исламска држава“. „Припадниците на ФСБ во соработка со Министерството за внатрешни работи во Дагестан ја пресече активноста на конспиративна група приврзаници на забранетата на територијата на Руската Федерација меѓународна терористичка организација „Исламска држава“, која планирала да изврши во Московскиот регион серија координирани терористички акции“, соопшти ЦОС ФСБ Русија, пренесува „Комерсант“.

ФСБ изјави дека терористите подготвувале напади според директни инструкции на емисар на ИД кој се наоѓа во Сирија. Во текот на претресите на домовите на приведените е запленет голем број на огнено оружје и смртоносни средства, како и компоненти за импровизирани експлозивни направи. „Се вршат потребните оперативно-пребарувачки и истражни дејствија“, додаваат од ФСБ.

Претходно руската специјална служба објави дека била спречена серија терористички напади која била планирана да се изврши во Москва и Самара од страна на диверзантско-терористичка група која се состоела во најголем дел од државјани на Таџикистан. Според ФСБ, тие дејствувале по инструкции на ИД, користејќи за превоз на оружје и експлозиви конспиративни методи развиени од страна на поранешниот чеченски терорист Шамил Басаев.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња