Русија треба да биде подготвена за ситуацијата во која ќе ја исклучат од глобалниот интернет, изјави советникот на Владимир Путин за интернет Герман Клименко во интервју за РТ.
Можноста за развој на таквото сценарио е предвидена со предлог-законот за регулирање на рускиот сегмент на интернетот, изготвен од страна на Министерството за комуникации и врски на РФ и насочен, според Клименко, кон заштита на виталната инфраструктура на земјата.
Советникот на рускиот претседател смета дека, како резултат на високата веројатност за „тектонски поместувања во насока на влошување“ во односите со Западот, рускиот интернет мора да биде регулиран така што тоа ќе биде заштитен.
Клименко истакнува дека законот нема да ги контролира активностите на обичните корисници на интернет.
Прашањето за безбедност во рускиот сегмент на интернетот стана особено важно откако ФСБ објави за подготовките за сајбер-напади од страна на странски тајни служби со цел дестабилизација на финансискиот систем на Русија. Подоцна, „Ростелеком“ ја потврди оваа информација и додаде одбил напади врз петте најголеми банки и финансиски институции во Русија.
Друг пример за влијанието на Русија со помош на мрежни ресурси е оневозможувањето на пристапот до одредени страници и производи. Така, според декретот на претседателот Барак Обама жителите на Крим се лишени од можноста за користење на „Гугл“ и „Мајкрософт“. Исто така, западните земји се закануваа дека ќе го исклучат рускиот банкарски систем од меѓународниот систем SWIFT, а со тоа да постигнат пад на финансискиот систем на Русија, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче