Шојгу: можно намалување на бројот на руски војници во Сирија

Бројот на руските сили во Сирија може да биде намален, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

„Создадени се услови за намалување на руската група војници на територијата на Сирија“ изјави министерот за одбрана Шојгу на средбата со претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува „Интерфакс“.

Тој истакна дека сите формации со кои се водеа преговори за Сирија, ги потпишале соодветните документи.

Од друга страна, западните медиуми пишуваат дека претставници на сириската опозиција во четвртокот објавија дека се согласни на прекин на борбените дејствија против владините сили. Таков став зазеде Националната коалиција на опозициските и револуционерните сили. Еден од претставниците на оваа група ги повика сите вооружени приврзаници на опозицијата да му се приклучат на примирјето.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња