Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека е постигнат договор за прекин на огнот во Сирија и за подготвеноста да почнат мировни преговори.
„Тукушто пристигна веста дека денеска пред неколку часа се случи она што не само што го чекавме долго време, туку вложивме и многу труд во тоа. Потпишани се три документи. Првиот документ е потпишан меѓу сириската влада и вооружената опозиција за прекин на огнот на територијата на Сириската Арапска Република. Вториот документ е системот на мерки за контрола на режимот на прекин на огнот. Третиот документ е изјава за подготвеноста да започнат мировни преговори за решавање на сириската криза“, изјави Путин на средбата со министерот за надворешни работи и министерот за одбрана на Русија.
Рускиот претседател истакна дека договорите кои се постигнати во Сирија се резултат на соработката на Русија со партнери во регионот - Турција и Иран.
„Со партнерите од Турција направивме голема работа. Знаеме дека неодамна во Москва се одржа трилатерална средба на министрите за надворешни работи на Русија, Турција и Иран, каде што сите три страни презедоа обврска не само да го контролираат, туку и да го гарантираат мировниот процес за решавање на конфликтот во Сирија“, истакна шефот на руската држава, пренесува „Интерфакс”.
Путин додаде дека договорот за прекин на огнот во Сирија, кој е „очигледен резултат на нашата заедничка работа“, е многу кревек.
„Сите постигнати договори, тоа ни е јасно на сите, сите тие се многу кревки, бараат посебно внимание и трпение, професионален пристап кон овие прашања и постојан контакт со нашите партнери“, изјави рускиот претседател.
Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека прекинот на огнот во Сирија ќе почне на полноќ на 30 декември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче