„Сите Руси треба да бидат загрижени поради постапките на Русија“, се вели во изјавата на Обама, објавена на сајтот на Белата куќа.
Лидерот на САД повторно ја обвини Русија за хакерските напади врз серверите на Демократската партија во текот на претседателските избори.
„Овие дејствија следат по многубројните предупредувања кои ги адресиравме до руската влада и претставуваат неопходен и адекватен одговор на напорите за нанесување штета на американските интереси, преземени преку кршење на постојните меѓународни норми на однесување. Овие дејствија не претставуваат целосен одговор на агресивната активност на Русија. Ние и во иднина ќе преземаме различни мерки според наше убедување. За некои од нив нема да информираме јавно“, истакна Обама, пренесува РТ на руски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче