Највисоките дипломатски претставници на западните земји во октомври и ноември 2015 година на преговорите ја предупредувале Русија дека ќе „почувствува што е болка“ и дека во информационата кампања таа ќе биде претставена како агресор, додека се бори против тероризмот, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.
„Вака ни кажуваа зад затворени врати во октомври-ноември 2015 година: „Нѐ молеа да ви пренесеме најостро предупредување: Русија ќе почувствува болка. Ќе направат така Русија навистина да почувствува што е болка“. Тоа го зборуваа дипломатите во текот на дипломатските преговори!“, изјави Захарова за „Русија 1”.
„Имајте предвид: сѐ што ќе правите во реалноста ќе биде дезавуирано преку информациона кампања која ќе ги сокрие резултатите од вашата работа. Вие ќе се борите против тероризмот, а ќе изгледате како агресори“, ги пренесува Захарова зборовите на странските дипломати.
„Не можам директно да ги цитирам преговорите кои беа затворени за новинарите. Можам да кажам дека овие пораки ни се пренесени и дека ги добивавме повеќе пати во текот на октомври 2015 година на преговорите на шефот на дипломатијата на Русија со странските колеги. Се работи за странски колеги на Сергеј Лавров кои се вбројуваат себеси меѓу најразвиените и најцивилизирани земји. Се работи за луѓе кои ја претставуваат светската елита. Тие ни пренесуваа вакви пораки“, реча Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче