Русија и Турција договорија план за општо примирје во Сирија

Прекинот на огнот во Сирија треба да стапи на сила на 29 декември.

Анкара и Москва договорија план за општо примирје во Сирија, соопштува турската агенција „Анадолу“.

Претходно дипломатски извор соопшти дека руски и турски воени претставници водат во Анкара преговори со сириската опозиција.

Според информациите на агенцијата, руско-турскиот документ предвидува прекин на огнот од 00:00 часот на 29 декември. Притоа договорот за примирје не ги вклучува терористичките организации.

Официјални коментари за планот на Москва и Анкара засега нема.

Минатата недела шефовите на дипломатиите на Русија, Иран и Турција дискутираа за ситуацијата во Сирија, вклучувајќи го и Алепо. Во преговорите што се одржаа во Москва учествуваа и шефовите на министерствата за одбрана на трите земји.

По средбата министрите изјавија за важноста на проширување на режимот на прекин на огнот во Сирија. Покрај тоа, Москва, Техеран и Анкара се подготвени да станат гаранти на договорот што се подготвува меѓу Дамаск и опозицијата, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња