Путин: Никој не може да создаде ненадминливи проблеми за Русија

На традиционалниот празничен прием во Кремљ, претседателот на РФ Владимир Путин наздрави за Русија, рускиот народ и им посака на сите присутни успех во наредната година.

Претседателот на Русија Владимир Путин е убеден дека никој не може да ѝ создаде на Русија проблеми кои таа не би можела да ги надмине.

„Единственото нешто што сакам да го потенцирам, ние напрегнато работевме и работевме успешно. И пред малку во Советот за безбедност на Русија зборувавме дека годината што си заминува беше дури и посложена во одредена мера во решавањето на социјално-економските проблеми од 2015 година. Важен за нашата економија е параметарот цената на нафтата. Таа во 2015 година беше 40, беше 51 долар, сега е 40, а резултатот оваа година е далеку подобар отколку во 2015“, потенцираше шефот на руската држава, пренесува ТАСС.

Путин додаде дека успесите во значителна мера се заслуга на раководителите, подредените и менаџерските тимови. „Никој не може да ни создаде такви проблеми кои ние не би успеале да ги надминеме, најважно е што работиме успешно“, истакна претседателот на Русија.

„Знаете што се случи кај нас, каква трагедија неодамна. Затоа сакам да го сменам традиционалниот прием во чест на Новата година, да има работен карактер“, потенцираше рускиот лидер.

Претседателот наздрави за Русија, за рускиот народ и им посака на сите присутни успех во наредната година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња