Захарова: администрацијата на Обама се обидува да му „стави мина“ на Трамп

Администрацијата на САД предводена од Барак Обама се обидува да му го усложни на идниот претседател Доналд Трамп водењето на надворешната политика, изјави портпаролот на МНР Русија Марија Захарова.

Коментирајќи го законот за трошоци за одбраната на САД во 2017 година, Захарова истакна дека тој закон, „како и аналогните документи од последниве години, се шаренее од инструкции на Пентагон како да се гради рускиот курс“.

„Во целина се создава впечаток дека со донесувањето на тој закон тимот на Обама кој ги живее последните денови се обидува да постави мина за идната администрација на Трамп, да ѝ го усложни водењето на политиката на меѓународната сцена, вклучително - паралелно со грозничавото воведување на новите санкции против нас – и да го наметне својот порочен антируски курс.

Сегашните жители на Белата куќа, замислувајќи се дека можат да вршат притисок на Русија, тој ги доведе до целосен ќорсокак. Се надеваме дека тие што ќе ги заменат ќе бидат помудри“, се истакнува во коментарот на портпаролот на руското МНР, објавен на сајтот на дипломатскиот ресор на Русија, пренесува РТ на руски.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња