РФ: Одлуката на САД за испорака на оружје во Сирија е „непријателски чекор“

Одлуката на Вашингтон да почне со испорака на оружје во Сирија е непријателски потег кој вклучува директна закана за авионите на ВКС Русија, воениот и дипломатски персонал, се вели во коментарот на портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

Министерството за надворешни работи на Русија истакнува дека одлуката на Вашингтон директно ги загрозува руските ВКС, рускиот воен персонал и амбасада на Русија во Сирија, која и претходно беше гранатирана.

„Затоа гледаме на наведениот чекор како на непријателски“, изјави Захарова, чии зборови се наведуваат на официјалниот сајт на МНР Русија.

Покрај тоа, Москва не разбира на кој начин Русија е „закана“ за суверенитетот на земјите-членки на Северноатлантската алијанса, бидејќи токму САД и нивните сојузници демонстрираат  зголемена воена активност – „ги шират границите на Алијансата и го приближуваат својот воен потенцијал до нашите граници“, додава Захарова.

Таа истакнува дека Русија, се разбира, мора да го земе предвид таквиот развој на настаните во текот на спроведувањето на своите програми за изградба на вооружените сили.

Министерството за надворешни работи, исто така, истакнува дека поголем дел од законот е посветен на темата на противракетната одбрана. „Притоа, претходно американската ПРО имаше за задача да парира на „ограничени напади“ врз САД, сега таа мора да обезбеди „ефикасна, сигурна, слоевита“ „одбрана од ракетни напади“, потенцира Министерството за надворешни работи на Русија.

Според министерството, тоа потврдува дека „бајките за „нуклеарната закана од Иран и Северна Кореја“, со кои долго време нѐ гостеа... се фрлени настрана“. Како што изјавува МНР РФ, на Москва ѝ е јасно дадено до знаење дека плановите на Вашингтон се многу пошироки отколку што се презентираа претходно, и се во насока на укинување на нуклеарниот паритет со Русија заради постигнување унилатерална предност на стратешки план, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња