Полска успеа да ја блокира одлуката на Европската комисија за проширување на пристапот на „Гаспром“ до гасоводот ОПАЛ, изјави шефот на полската енергетска компанија PGNiG Пјотр Вознијак, пренесува „Полско радио“.
Според PGNiG, Европскиот суд „позитивно ја разгледа“ тужбата на полската енергетска компанија, која на почетокот на овој месец преку својата германска „ќерка“ PST ја оспори одлуката на Европската комисија која исклучи 50 проценти од капацитетот на гасоводот ОПАЛ од Третиот енергетски пакет. Оваа одлука му даваше на „Гаспром“ можност да го зголеми обемот на транспорт на гас во Европа.
Според Возниак, додека трае периодот на разгледување на тужбата судот одлучил да ја блокира одлуката на Европската комисија за проширување на пристапот. „Ја запревме мошне несреќната, а за нас штетна одлука до нејзиното разгледување од страна на Европскиот суд“, изјави првиот човек на PGNiG, пренесува „Лента.ру“.
Полската компанија истакнува дека судот ја донел одлуката на 23 декември, додека истата ќе биде објавена неделава.
Претходно „Взгљад“ соопшти дека „Гаспром“ го зголемил обемот на транспорт на гас преку ОПАЛ на 81%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче