Лавров во разговор со Кери ја критикува администрацијата на Обама

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј лавров во текот на телефонскиот разговор со државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека дозволата за испорака на мобилни ПВО-системи на сириската опозиција може да доведе до ескалација на напрегнатоста во регионот и до нови жртви.

Во разговорот со Кери Лавров исто така ја потенцираше неприфатливоста на политиката на администрацијата на претседателот Барак Обама за поткопување на нормалната соработка меѓу Русија и САД, пренесува „Взгљад“.

Лавров му укажа на Кери на штетноста на обидите да се искористи „блискоисочниот квартет“ и Советот за безбедност на ООН за „пресметки“ меѓу демократите и републиканците во САД.

Ова беше 70 телефонски разговор меѓу шефовите на дипломатиите на Русија и САД оваа година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња